Достапни линкови

Милевски и Георгиевски за окрупнување на опозицијата


Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија.

Горан Милевски, претседател на Либерално-демократската партија.

Претседателите на Либерално-демократската партија и на ВМРО-НП, Горан Милевски и Љубчо Георгиевски денеска имале средба на која се разговарало за актуелната политичка состојба. Како што се наведува во соопштението од ЛДП, Милевски и Георгиевски сметаат дека е потребно да се вложат максимални напори за окрупнување на опозицијата во Република Македонија и единствено делување на сите опозициски партии за промена на власта. Двајцата партиски лидери посочиле дека кон опозицијата треба да се приклучат и сите граѓански здруженија и слободоумни граѓани кои не се согласуваат со ваквиот начин на владеење во државата.

XS
SM
MD
LG