Достапни линкови

Пронајдени осум нелегални мигранти кај Демир Капија


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата ноќеска открила осуммина нелегални мигранти од Иран во автомобил на автопатот Гевгелија-Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија.

Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници се обиделе да го сопрат автомобилот, но возилото не застанало. Тргнале по него и на околу 500 метри од местото на запирање го пронашле возилото, а возачот успеал да избега. Внатре имало осум мигранти.

XS
SM
MD
LG