Достапни линкови

Полу–победнички менталитет


Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија (ЛУМ).

Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија (ЛУМ).

Она што јас се прашувам е, дали на оваа нација и треба златен медал од спортска област, за да започне искрена интеракција меѓу себе? Или обратно, дали ни треба искрена интеракција и договор, за да дојдеме до златниот медал?, пишува Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија во младинската колумна на Радио Слободна Европа.

Ако нешто некогаш можело да ги обедини луѓето на територија на Република Македонија, без разлика на партиска, верска, национална припадност, тогаш тоа бил спортот несомнено. Значи, во достигнување на спортските врвови, сите сме горди што сме Македонци, сите уживаме во атмосферата која сами ја креираме, сите се обидуваме да дадеме свој придонес кон продолжување на амбиентот во кој можеме да прегрнеме секој, без притоа да мораме да погледнеме во неговата „лична карта”. Тоа ни укажува дека сме способни да дадеме и да примиме љубов, да се сакаме (како нација), макар и на кратко. Последна спортска вест е пласманот на 11-то место на Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Полска.

Мое мислење е дека играме уникатно деструктивен натпревар, во кој на крајот победникот се радува што не е прв на отстрел, туку е човекот кој припаѓа на истата матична екипа , но во моментов противничка под – екипа, па после тој. Супер натпревар.

Од реакциите на луѓето и медиумите можам да заклучам дека сме прилично разочарани и надвор од себе од таквиот учинок. Мое мислење е дека овие момци ракометно сосема пристојно не претставија, замерки нека бараат професионалците во ракометната игра и луѓе на коишто тоа им е работа. Она во што тие не успеаа е скриената задача која им ја доделивме, а за која треба малку да поразговараме. Скриената задача која им тежи на секој нивен настап е обединување на нацијата. Да замислиме дека се враќаат со златен медал. Дали некој од нас ќе зборнеше нешто на тема политика со својот политички противник? Дали ќе ни беше битно, човекот со кој заедно изразуваме најдлабоки емоции на гордост и припадност од која партија, вера, националност е?

Она што јас се прашувам е, дали на оваа нација и треба златен медал од спортска област, за да започне искрена интеракција меѓу себе? Или обратно, дали ни треба искрена интеракција и договор, за да дојдеме до златниот медал?

Ајде да го погледнеме нашиот натпревар. Оваа година кај нас се одржува Македонско првенство во избори. Играме сите. Имајќи во предвид дека сме редовни учесници на ова првенство, може да се каже дека веќе имаме и некое искуство. Специфично за овој тип на натпревари е што од една матична екипа, треба да направите повеќе, кои ќе настојуваат да наштетат на навивачите на противничката екипа. Кој ќе успее во тоа ќе победи, и тоа е нашата трагедија досега. Мое мислење е дека играме уникатно деструктивен натпревар, во кој на крајот победникот се радува што не е прв на отстрел, туку е човекот кој припаѓа на истата матична екипа , но во моментов противничка под – екипа, па после тој. Супер натпревар.

Како би можеле поинаку да се натпреваруваме? Дали можеме да ја смениме играта? Што кога би се натпреварувале во тоа кој на кого повеќе ќе помогне? Што ако настапиме како една матична екипа? Што би значело кога би се собрале 100.000 луге на плоштад да ги дочекаме ракометарите за освоеното 11-то место?

За почеток доволно е да ги поставиме овие прашања, прво самите на себе а потоа и на луѓето околу нас. Мора да напоменам дека на ваков тип на прашања, луѓе со мала или никаква граѓанска свест, пред и пост – изборно уценети луѓе, себични и рамнодушни луѓе, не реагираат добро. Кога би одговориле позитивно да на било кое од нив, тогаш би почнале да размислуваат граѓански, што е скоро невозможно со оглед на тоа на кој начин им беше емитувана идејата за граѓанско општество во изминатиот период.

На крај, она во што повеќето од нас се убедени дека го знаат, нашиот менталитет. „Таков ни е менталитетот” велат, под што се подразбира прифаќање на поразот како нормална состојба, без разлика на видот на натпревар во кој учествуваме. Да провериме. Дали кога се натпреваруваме на спортски полиња, тргнуваме од иста скала како противниците? Или се тие малку повисоко? Дали кога се тркаме на избори, тргнуваме од иста линија, или противникот има 20 метри предност? Еве ќе претпоставам дека сум во право, оставам простор некој да ме исправи.

Но ако е тоа така, тоа ќе значи во голема мера пораз за нас. Прашувам, дали сите порази со таква системска поставеност се слика на мојот „Таков ни е менталитетот” менталитет? Или јас бев поразен со самото прифаќање да учествувам?

Тоа е далеку од губитнички менталитет. Тоа е менталитет на длабока желба и мотивација за победа имајќи ги предвид сите зидови пред тебе. Се што ни треба е еднаква системска поставеност, за било која област.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG