Достапни линкови

Кремљ - Срамни и навредливи забелешки од САД


Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Кремљ ги оцени како „срамни и навредливи“ коментарите од американски претставници дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст вчера изјави дека оценката на претставникот на американското Министерство за финансии дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран ги одразува и погледите на администрацијата на претседателот Барак Обама.

„Ова изјава е срамна и навредлива“, рече денеска портпаролот на Путин, Дмитри Песков.

„Во принцип, гледаме дека во странство ги започнаа подготовките за претседателските избори во Русија до кои сепак има уште повеќе од две години“, рече Песков.

Адам Зубин, в.д. секретар во Министерството за финансии задолжен за тероризам, во интервју за Би Би Си, рече дека Путин е „слика на корупцијата“, тајно богат, корумпиран и фокусиран врз богатење на неговите пријатели и политички сојузници.

XS
SM
MD
LG