Достапни линкови

Да дишеме како јогини, да заборавиме на економските проблеми


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев изјави дека неговата земја ќе ги надмине тешкотиите предизвикани од падот на цените на нафтата.

„Да направиме пауза, да вдишеме длабоко како јогини и да заборавиме на доларот“, рече денеска тој, обраќајќи се на Конгресот на неговата партија Нур Отан.

Назарбаев рече дека цените на стоките како млеко, путер или коњско месо се намалени во изминатите 12 месеци. Сепак, официјалните податоци покажуваат дека цените на основните животни производи пораснале за 13,6 отсто во 2015 година.

Назарбаев рече дека најголемата економија во Централна Азија, која многу зависи од извозот на нафта, „половина година живее со 30 долари за барел нафта и ништо не се случило“.

Назабраев, кој владее со Казахстан од 1989 година, на 20 јануари го распушти парламентот и распиша предвремени избори за 20 март.

XS
SM
MD
LG