Достапни линкови

logo-print

Египетски механичар осомничен за бомбата во рускиот авион


Механичар вработен во ЕгипетЕр, чиј братучед ѝ се придружил на Исламската држава во Сирија, е осомничен да ја поставил бомбата во рускиот патнички авион што беше разнесен на небото над Египет во октомври минатата година, јави Ројтерс.

Досега Египет јавно соопштуваше дека не се пронајдени докази дека уривањето на авионот е чин на тероризам. Авионот, кој полета од Шарм ел-Шеик, се урна на Синајскиот Полуостров при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Висок претставник на безбедносните служби на аеродромот негира дека некој од нивните вработени бил уапсен или осомничен. Претставник на Министерството за внатрешни работи исто така рече дека немало апсења. Сепак, извори запознаени со случајот денеска за Ројтерс рекле дека механичарот е уапсен, заедно со двајца аеродромски полицајци и еден вработен задолжен за багажот, кои се осомничени дека му помогнале да ја подметне бомбата во авионот.

XS
SM
MD
LG