Достапни линкови

Бегалската криза ја чини Грција над една милијарда евра


Бегалската криза досега ја чини Грција над една милијарда евра, изјави министерот за миграциска политика Јоанис Музалас за телевизијата „Мега“, пренесува БТА.

Тој изрази вознемиреност од повиците на некои европски партнери за исклучување на Грција од Шенген зоната.

„Не можам да Ви кажам дали има веројатност од затворање на границите, но нашата Влада треба да дејствува како да има таква веројатност“, истакна министерот, признавајќи дека грчката влада задоцнила со исполнувањето на обврските во однос на бегалскиот бран и изградбата на потребните центри за регистрација и идентификација на странците.

XS
SM
MD
LG