Достапни линкови

logo-print

Белата куќа се согласува дека Путин е корумпиран


Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека оценката на претставникот на американското министерство за финансии дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран ги рефлектира погледите и на администрацијата на претседателот Барак Обама. Адам Зубин, секретар во министерството за финансии задолжен за тероризам во интервју за Би Би Си рече дека Путин е „слика на корупцијата“, тајно богат, корумпиран и фокусиран врз богатење на неговите пријатели и политички сојузници. Путиновиот портпарол Дмитри Песков ваквите оценки ги нарече „официјално обвинување“ и лага.

XS
SM
MD
LG