Достапни линкови

Властите во Молдавија го отфрлија ултиматумот на опозицијата


Опозициските демонстранти во Молдавија денеска треба да решат како ќе ги продолжат своите протести, по истекувањето на рокот од ултиматумот со кој побараа оставка на Владата и предвремени парламентарни избори, Два часа пред истекувањето на ултиматумот со нив разговарал претседателот на Парламентот, Адриан Канду, кој ги повикал на преговори за да го разгледаат излегувањето од политичката криза. „На таков начин власта ги заобиколи нашите барања. Ние од своја страна на Канду му предложивме да дојде на граѓанскиот форум што ќе го организираме за да разгледаме како да ги продолжиме протестите“, изјави Андреј Настасе лидер на платформата на десниот центар „Достоинство и вистина“.

XS
SM
MD
LG