Достапни линкови

Сириската опозиција го услови учеството на преговорите


Сириската опозиција со седиште во Ријад, Саудиска Арабија го услови учеството на мировните преговори за Сирија што треба да почнат денеска во Женева под покровителство на ОН со исполнување на „хуманитарни барања“. „Нема да бидеме во Женева. Нема да влеземе во преговарачката сала ако нашите хуманитарни барања не бидат исполнети“, изјави Ријад Хиџаб, претставник на Високиот одбор за преговори во кој членуваат сириски опозициски групи. Тој прецизира дека тоа подразбира прекин на бомбардирањето цивилни зони и помош за градовите кои се под опсада.

XS
SM
MD
LG