Достапни линкови

Берлин: Мароко, Алжир и Тунис, сигурни земји


Германија ќе ги стави Мароко, Алжир и Тунис на листата сигурни земји со што ќе бидат заострени условите за добивање азил за државјаните од тие земји, соопшти германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел, по состанокот на канцеларот Ангела Меркел со шефовите на другите партии кои ја сочинуваат германската влада. Освен тоа, мигрантите кои ќе добијат азил не ќе можат да доведуваат нивни роднини во Германија во наредните две години. Овој договор е постигнат за да се намали бројот баратели на азил во Германија која досега прими над милион бегалци. Мерките ќе му бидат претставени на советот на министрите.

XS
SM
MD
LG