Достапни линкови

Безбедносната состојба во Авганистан се влошува


Американскиот генерал Џон В. Николсон.

Американскиот генерал Џон В. Николсон.

Американскиот генерал Џон В. Николсон, кој од претседателот Барак Обама е предложен за нов командант на американските сили во Авганистан, пред Сенатот изјави дека безбедносната состојба во Авганистан се влошува и ги уверуваше сенаторите дека ќе направи целосен преглед на потребното ниво на американски сили за стабилизирање на земјата. За време на сослушувањето пред сенатскиот комитет за вооружените сили, тој денеска рече дека „секогаш ќе има одредено ниво на насилство во Авганистан“. Рече дека ќе има подобар осет за условите таму за неколку месеци, ако неговото назначување биде одобрено од Сенатот. Николсон треба да го наследи генерал Џон Кемпбел кој се очекува да се пензионира на почетокот на март. Во моментов во Авганистан има околу 9.800 американски војници. По инсистирање на Кемпбел, Обама се откажа од неговиот план за речиси целосно повлекување на американската војска до крајот на годинава. Наместо тоа, сега се предвидува до крајот на 2016 во Авганистан да останат 5.500 американски војници.

XS
SM
MD
LG