Достапни линкови

logo-print

Вирусот Зика експлозивно се шири


Шефицата на Светската здравствена организација Маргарет Чан изјави дека вирусот Зика „експлозивно се шири“ и повика на итен состанок на независни експерти да одлучат дали епидемијата треба да се прогласи за меѓународна здравствена вонредна состојба. На состанокот што треба да се одржи на 1 февруари ќе се разгледува епидемијата на вирусот во Централна и Јужна Америка. Вирусот предизвикува раѓање деца со невролошки проблеми и невообичаено мали глави, состојба позната како микроцефалија. Таа рече дека е многу загрижена поради изгледите за натамошно ширење на вирусот преку комарци, недостигот од имунитет кај луѓето во новопогодените подрачја и немањето вакцини, лекови и брзи тестови за утврдување на присуството на вирусот. Од октомври минатата година досега се забележани околу 3.900 случаи на заболени од Зика во Бразил каде што во август треба да се одржат Олимписки игри. Светската здравствена организација проценува дека во Централна и во Јужна Америка може да има меѓу 3 и 4 милиони заразени наредната година.

XS
SM
MD
LG