Достапни линкови

logo-print

Грција – Неконструктивни обвинувања за занемарување на границите


Грција ги оцени како „неконструктивни“ обвинувањата од страна на Европската комисија за „сериозно занемарување“ на обврските на своите граници, и ги повика европските партнери да ги исполнат своите обврски кон мигрантската криза.

„Тактика на префрлувањето одговорност не е ефикасен начин за решавање на проблемот од историски размери кој бара заедничко дејствување“, изјави портпаролот на Владата Олга Геровасили во соопштение.

Таа реагираше откако Европската комисија вчера усвои предлог-извештај во кој се вели дека „Грција сериозно ги запоставила своите обврски во управувањето со надворешните граници на Шенген зоната“.

XS
SM
MD
LG