Достапни линкови

НБРМ со пониска проекција за раст на БДП од владата


Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Расположивите податоци упатуваат на тоа дека 2015 година завршила со раст на БДП од 3,2 проценти, заклучи Советот на Народната банка на Македонија на својата прва седница годинава. Банката предвидува економскиот раст годинава да биде 3,5 отсто, а во 2017 да достигне 4 отсто, при што се очекува дека главен носител на растот ќе претставуваат извозниот сектор и инвестициите, кои ќе дадат позитивни преносни ефекти врз пазарот на труд и дополнително ќе ја поттикнат потрошувачката на домаќинствата.

При носењето на буџетот за годинава пред два месеци, владата предвиде растот на економијата годинава да биде 4 проценти. Исто толкав раст беше предвиден и во буџетот за претходната година, но со ребалансот од август минатата година очекувањата беа намалени на 3,5 отсто.

XS
SM
MD
LG