Достапни линкови

Седница на Анкетната комисија за фалсификувани лични карти


Анкетната комисија за аферата со фабриката за фалсификувани лични карти денеска ја одржа првата седница на која беше изгласан Деловникот за работа. Пратениците од опозицијата, како што најавија, не учествуваат во нејзината работа. Пред усвојувањето на Деловникот, претседателот на Анкетната комисија Илија Димовски истакна дека тој е суштински идентичен со Деловникот за работа на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и оти се остава простор и пратениците од опозицијата да се приклучат во нејзината работа. До понеделник, пратениците членови на Анкетната до претседателот треба да достават предлог листа на сведоци кои би сведочеле, како и предлог за посета на институции од каде би можеле да се добијат информации за фалсификувањето лични карти, односно за случајот „Фабрика за лични карти“.

XS
SM
MD
LG