Достапни линкови

logo-print

Грузија jа поздрави одлуката за истрага за воени злосторства во 2008


Грузиската министерка за правда Теа Цулукиани.

Грузиската министерка за правда Теа Цулукиани.

Грузија ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата да отвори истрага за воени злосторства извршени „во и околу Јужна Осетија“ во 2008 година, кога Русија и Грузија водеа краткотрајна војна за овој грузиски отцепен регион. Грузиската министерка за правда Теа Цулукиани денеска рече дека истрагата ќе биде можност за Грузија да докаже дека Москва и сепаратистичките сили во Јужна Осетија, што таа ги поддржува, „извршиле етничко чистење на Грузијците“ и биле одговорни за убивање на грузиски воени заробеници. Ова ќе биде прва истрага на судот за конфликт надвор од Африка. Грузија во 2008 почна офанзива за враќање на контролата врз Јужна Осетија. Русија возврати со контраофанзива по што за неколку дена влезе длабоко на Грузиска територија пред да се повлече.

XS
SM
MD
LG