Достапни линкови

Иванов: Со мигрантската криза ќе бидеме окупирани и следните години


Претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов.

Мигрантската и бегалската криза во Европа, како и состојбите на Блискиот Исток и Северна Африка се прашања и предизвици за кои ќе бидеме окупирани и во следните години и децении, изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој вчера учествуваше на седмиот Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ и Италијанското друштво за меѓународни организации - Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет, што се одржа во Сенатот на Италијанската Република во Рим. Претседателот Иванов, соопшти денеска неговиот кабинет, посочи дека на состанокот присуствувале голем број еминентни гости, кои дебатирале за сите причини и последици од актуелните состојба во овие региони. Претседателот Иванов разговарал со претседателот на Италија Серџо Матарела, со претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев, со претседателот на Италијанскиот сенат, како и со повеќемина поранешни претседатели кои биле присутни на состанокот.

XS
SM
MD
LG