Достапни линкови

logo-print

Кој ја попречува работата на Анкетната за прислушувањето?


Претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето Петре Шилегов денеска на прес-конференција рече дека Комисијата не ја исполнила својата функција поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ. Како што вели Шилегов, наместо да се соочи со прашањата на членовите на Комисијата, Никола Груевски донел одлука да се распушти Собранието. Според него, ова само покажува дека нема политичка волја кај владејачката партија да се спроведе Договорот од Пржино.

„Наместо тоа, денеска ВМРО-ДПМНЕ измислува нова драмолетка за нова Анкетна комисија. СДСМ нема намера да учествува во оваа драма, бидејќи прислушувањето беше една од точките од Пржино, а таа не е исполнета“, рече Шилегов.

Веднаш по Шилегов, прес-конференција одржа и координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ Илија Димовски, којшто ги обвини Шилегов и СДСМ дека со суспендирање на Анкетната комисија за прислушувањето креирале причина повеќе за да избегаат од веќе изгласани датуми за избори.

Како што вели Димовски, Шилегов и СДСМ работеле за таа да не даде резултат.

XS
SM
MD
LG