Достапни линкови

logo-print

МАН: СДСМ и Ванхауте имаат исти ставови за медиумите


Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја поддржува иницијативата за законски измени на Македонската медиумска асоцијација (ММА), асоцијација на најголемите пет телевизии. МАН исто така во денешното соопштение реагира на вчерашниот став на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), кое отфрла, како што наведуваат, какви било предлози, сугестии и корекции на постојните медиумски закони, а се поддржува само предлогот на СДСМ и посредникот Питер Ванхауте.

„Просто е непријатно да се гледа и слуша кога посредникот Ванхауте доаѓа со ставови кои претходно ги подготвува СДСМ, потоа божемски СДСМ се согласува со Ванхауте, за на крај ЗНМ без исклучок да биде со поддршка за предлогот на Ванхауте, односно на СДСМ кога се нанесува јасна и ненадоместлива штета за новинарите и медиумите“, стои во соопштението од МАН.

XS
SM
MD
LG