Достапни линкови

ДС предлага минимална плата од 300 евра


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз (ДС) Павле Трајанов денеска до Парламентот достави Предлог на закон за определување минимална плата во износ од 300 евра.

„Демократскиот сојуз смета дека доколку се зголеми минималната плата од 9.500 на 18 илјади денари, ќе биде основа за отворање расправа за тоа колку се платени вработените во нашата земја и како е можно во другите држави, земји членки на Европската унија, за иста работа, вработените да бидат платени десет пати повеќе, колкав приход остваруваат компаниите, дали се води сметка за стандардот на вработените“, рече на прес-конференција Трајанов.

Од ДС предлагаат буџетска поддршка за компаниите од текстилната и други индустриски гранки, кои поради објективни пазарни услови не се во можност да остваруваат приходи за да исплатат минимална плата. Тие предвидуваат за буџетска поддршка на домашните компании да се обезбедат 50 милиони евра.

XS
SM
MD
LG