Достапни линкови

Неправедно замрзнувањето средства на украински екс-функционери


Поранешниот украински премиер Микола Азаров.

Поранешниот украински премиер Микола Азаров.

Европскиот суд денеска пресуди дека ЕУ неправедно ги замрзнала средствата на петмина блиски соработници на соборениот украински претседател Виктор Јанукович. Денешната пресуда на Општиот суд на ЕУ се однесува на замрзнувањето на средствата на поранешните украински премиери Микола Азаров и Сергиј Абрузов, неговиот син Алекси, поранешниот министер за енергија Едвард Ставицкиј и на бизнисменот Сергиј Кљујев. ЕУ во март 2014 година ги стави овие петмина на црната листа на поединци осомничени за кражба на украинските државни пари пред соборувањето на Јанукович. Според судот, тие биле ставени на црната листа само врз основа на писмо на украинското јавно обвинителство. Но, во писмото од март 2014 „нема детали во врска со работите за кои конкретно се обвинети петмина Украинци или за природата на нивната одговорност“, пресуди Судот, кој има седиште во Луксембург. Пресудата може да биде обжалена во рок од два месеци пред Европскиот суд на правдата.

XS
SM
MD
LG