Достапни линкови

Азербејџан бара помош од ММФ и од Светска банка


Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка разговараат со азербејџанските власти за можен пакет за помош во справување со тешкотиите предизвикани од големото намалување на цените на нафтата. Тим на ММФ до 4 февруари ќе биде во Баку за утврдување на состојбата по барање на азербејџанските власти. Фајненшл тајмс објави дека се разговара за можен итен кредит од 4 милијарди долари, но ММФ и Светската банка не го потврдија износот. Во земјата има големи протести поради падот на националната валута манат. Манатот изгуби една третина од својата вредност од декември, кога Централната банка се откажа од контролата на курсот на валутата. На 19 јануари парламентот донесе мерки за справување со кризата, кои вклучуваат и такса од 20 проценти за девизи што се изнесуваат од државата за да се инвестираат во странство.

XS
SM
MD
LG