Достапни линкови

Загинаа 24 мигранти во Егејското Море


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 24 мигранти, меѓу кои и многу деца, загинаа откако потонал чамец во близина на грчкиот остров Самос во Егејското Море. Најмалку 10 луѓе биле спасени, соопшти грчката крајбрежна стража.

Тоа е втор инцидент во изминатите два дена. Чамец со мигранти вчера потона во близина на грчкиот остров Кос при што загинаа седум луѓе меѓу кои и две деца.

Од почетокот на годинава, според ОН, се удавиле 200 луѓе во обидот да стигнат во Грција од Турција.

XS
SM
MD
LG