Достапни линкови

Иранскиот претседател Рохани во Франција


Хасан Рохани

Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани пристигна во официјална посета на Франција во текот на која се очекува да бидат финализирани неколку трговски договори. Меѓу нив е и купувањето на 114 патнички авиони „Ербас“, како и партнерство со француската фирма за автомобили „Пежо“. Според најавите, партнерството меѓу „Пежо“ и ирански „Кодро“ ќе резултира со производство на 200 илјади автомобили во Иран од почетокот на идната година. Француската нафтена компанија „Тотал“ исто така изрази заинтересираност да купува иранска нафта. Рохани претходно престојуваше во Италија што беше прва негова посета на некоја европска земја од симнувањето на меѓународните санкции како замена за тоа што Техеран се откажа од нуклеарната програма.

XS
SM
MD
LG