Достапни линкови

logo-print

Луначек и Хан нудат посредување за кризата во Косово


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Потпретседателката на Европскиот парламент и воедно специјален известувач за Косово Улрике Луначек, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, понудија помош за решавање на спорот меѓу позицијата и опозицијата во Приштина, јавија косовските медиуми. Тоа, како што се наведува, им било соопштено на членовите на парламентарната комисија за интеграција на косовското Собрание во текот на нивниот престој во Брисел. Три опозициски парламентарни партии ја опструираат работата на Парламентот заради несогласување со формирањето на Заедницата на српски општини. Опозицијата за 17 февруари, на денот на прогласувањето на косовската независност, закажа голем антивладин протест на кој ќе бара актуелната власт да поднесе оставка или да го повлече потписот од бриселската спогодба што ја предвидува таквата можност.

XS
SM
MD
LG