Достапни линкови

logo-print

Самоубиствен напад во Нигерија, најмалку 9 загинати


Најмалку девет луѓе загинаа, а повеќе од 30 се ранети, кога пет жени бомбаши-самоубијци извршија напад во градот Чибок во североисточна Нигерија, од каде што потекнуваат стотиците ученички кои во април 2014 година беа киднапирани од исламистичките милитанти од организацијата Боко Харам, соопштија денеска тамошните власти. Властите трагаат по уште две жени, за кои се сомневаат дека носат експлозив, а кои биле видени со бомбашките непосредно пред нападот.

Првата млада жена, која носела хиџаб, ја активирала бомбата на отворен пазар, кога била запрена за рутинска проверка од војниците. Набрзо потоа, експлозивите ги активирале и другите три жени кои биле на пазарот. Последниот напад бил врз контролен пункт на влезот во градот.

Жителите на Чибок, христијанска енклава во мнозински муслиманскиот север на Нигерија, ја обвинуваат Боко Харам за нападот. Десетици девојки кои беа киднапирани од оваа организација во 2014 година избегаа, но 219 сè уште се водат како исчезнати.

XS
SM
MD
LG