Достапни линкови

logo-print

Сообраќајна казна за сопругата на украинскиот премиер


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук и неговата сопруга Терезија.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук и неговата сопруга Терезија.

Сообраќајната полиција денеска во центарот на Киев ја казнила Терезија Јацењук, сопруга на премиерот Арсениј Јацењук, зашто зборувала на мобилен телефон додека возела. Казната била 425 гривни, или околу 17 американски долари. Случајот го привлече вниманието на медиумите зашто полицијата во поранешните советски републики избегнува да ги запира автомобилите или да ги казнува високите државни функционери или нивните роднини.

XS
SM
MD
LG