Достапни линкови

Уапсена групата што окупираше резерват во Орегон


U.S. -- A US flag covers a sign at the entrance of the Malheur National Wildlife Refuge near Burns, Oregon, January 3, 2016

U.S. -- A US flag covers a sign at the entrance of the Malheur National Wildlife Refuge near Burns, Oregon, January 3, 2016

Полицијата во американската сојузна држава Орегон уапсила осум членови на вооружената група што окупираше национален природен резерват, поради спор за користењето на државно земјиште. Меѓу уапсените е и лидерот на групата, Амон Банди. Властите соопштија дека при апсењето избила престрелка и оти еден од луѓето по кои била распишана потерница починал. Локалните медиуми објавија дека се работи за фармерот од Аризона Роберт „Лавој“ Финикум, кој често зборуваше во име на групата на прес-конференциите. Еден од уапсените бил ранет. Групата го запоседна седиштето на Националниот природен резерват Малеур на 2 јануари. Полициската акција уследи по засилувањето на повиците да преземе мерки против окупацијата на федерално земјиште.

XS
SM
MD
LG