Достапни линкови

Путин му даде државјанство на контроверзен украински новинар


Контроверзниот проруски новинар од Украина, Анатолиј Васерман.

Контроверзниот проруски новинар од Украина, Анатолиј Васерман.

Рускиот претседател Владимир Путин му даде државјанство на контроверзниот проруски новинар од Украина, Анатолиј Васерман, кој е познат по коментарите со кои ја оспорува државноста на Украина. Тој смета дека Украина е дел од Русија и оти украинскиот и белорускиот јазик се дијалекти на рускиот. Украинските власти во септември минатата година отворија истрага против него. Го сомничат за повикување на сепаратизам и за поттикнување етничка и социјална омраза. Васерман е роден во Одеса во 1952 година, но од средината на 90-тите живее во Москва.

XS
SM
MD
LG