Достапни линкови

ЗНМ и ССНМ против предложениот закон за владините реклами


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека законот за владините реклами, предложен од ВМРО-ДПМНЕ на состанокот на работните групи на политичките партии, претставува напад врз независноста на медиумите и ќе направи упад во мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите, изјавија денеска претседателите на двете новинарски здруженија Насер Селмани и Тамара Чаусидис.

„Со овој закон со парите на граѓаните се планира да се легализира, прошири и надгради корупцијата во медиумите, со цел да ги контролира и да ја задуши секоја критика во медиумите“, рече Селмани.

ЗНМ ги повика СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД да го отфрлат ваквиот предлог и да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте.

XS
SM
MD
LG