Достапни линкови

logo-print

Николовски најави кривична против Цветков


Илустрација.

Илустрација.

Дополнителниот заменик-министер за земјоделството, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против министерот Михаил Цветков. Кривичната, според Николовски, се однесува на тоа што Цветков, како министер, склучил договор со фирмата „Силекс неметали“, во момент кога, според Централниот регистар, бил член на Управниот одбор на „Силекс АД Кратово“. Тоа, според Николовски, е класичен судир на интереси. Според него, изјавата заверена на нотар, на која што се повикува Цветков, не ја исклучува кривичната одговорност на министерот зашто не бил избришан официјално во Централниот регистар.

XS
SM
MD
LG