Достапни линкови

Рохани - Подобри врски со САД, ако си го сменат односот


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Рим рече дека неговата земја може да има подобри односи со САД, но оти Вашингтон треба да го смени непријателскиот став кон Техеран, забележувајќи дека „ционистичкото лоби“ во земјата е многу влијателно. Рохани е во официјална посета на Италија, од каде што денес патува во Франција на разговори со претседателот Франсоа Оланд. Тој е прв ирански претседател што доаѓа во посета на Европа во последните речиси две децении. Рохани е во потрага по бизнис зделки и по странски инвеститори по укинувањето на меѓународните санкции против неговата земја. Санкциите беа укинати по постигнувањето на нуклеарниот договор, според кој Техеран треба да ја ограничи нуклеарната програма.

XS
SM
MD
LG