Достапни линкови

Данец заразен со опасниот вирус Зика


Дански турист бил заразен со вирусот Зика додека бил во посета на јужна и централна Америка, соопштија данските здравствени власти. Пациентот имал главоболка и болки во мускулите по што вчера било утврдено дека е заразен со вирусот. Болницата каде што е сместен не соопшти други детали, но кажа дека има мал ризик од ширење на болеста во Данска, зашто комарец што го носи вирусот не е пронајден во земјата. Вирусот предизвикува да се раѓаат бебиња со невообичаено мали глави, состојба позната како микроцефалија. Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на здравствените власти да ја следат можноста вирусот да биде донесен во Русија при влез на луѓе од Латинска Америка.

XS
SM
MD
LG