Достапни линкови

logo-print

Ременски - Разрешените ќе си останат разрешени до правосилна пресуда


Разрешените раководители ќе си останат разрешени до правосилна пресуда на Управниот суд, реагира министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, откако нејзиниот заменик Диме Спасов претходно соопшти дека Управниот суд донесе времена одлука со која ги стави вон сила решенијата за разрешување на 15 директори на Центрите за социјална работа и јавните установи. Ременски најави дека ќе се жали на одлуката пред Вишиот Управен суд. Сепак, таа вели дека времената мерка не значи укинување на решенијата за разрешување или назначување в.д. директори.

„Тоа не значи дека разрешените директори се враќаат на своите работни места, а решенијата за в.д директорите не важат“, соопштува министерката.

XS
SM
MD
LG