Достапни линкови

Турското обвинителство бара доживотен затвор за новинари


Илустрација.

Илустрација.

Турското обвинителство денеска побара на двајца новинари од опозицискиот весник „Џумхуриет“, кои се обвинети за шпионажа, да им биде изречена доживотна казна затвор. Обвинителството во Истанбул ги товари главниот уредник на „Џумхуриет“, Џан Дундар и уредникот на дописништвото на весникот во Анкара, Ердем Ѓул, дека откриле државни тајни со тоа што објавиле дека Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган се обидела да им испрати оружје на исламистичките бунтовници во Сирија.

XS
SM
MD
LG