Достапни линкови

Финска и Русија засилено ја бранат заедничката граница


Финска и Русија се согласија да ја зајакнат соработката на нивната 1340 километри долга заедничка граница преку која сè повеќе мигранти влегуваат во ЕУ. Ова беше договорено меѓу министрите за внатрешни работи на двете земји, Петери Орпо и Владимир Колоколцев. Границата меѓу Русија и Финска е исто така и граница на шенген зоната, но Орпо рече дека проблемите ќе ги решава билатерално со својот сосед, иако не кажа какви мерки ќе бидат преземени. Минатата недела финската влада ја критикуваше Москва што дозволува да се зголемува бројот на азиланти преку границата на Арктикот и побара заедничко европско решение за бегалската криза. Според финските власти, овој месец во земјата од Русија влегле 400 баратели на азил. Во целата измината година во Финска од Русија влегле 700 азиланти.

XS
SM
MD
LG