Достапни линкови

Штрајк на грчките морнари


Илустрација.

Илустрација.

Грчките бродови до петок изутрина ќе останат во пристаништата поради 48-часовен штрајк на Синдикатот на морнарите против владините реформи во системот за социјално осигурување.

Како што јави дописникот на МИА, синдикатот бара повлекување на предлог законот за социјално осигурување, а исто така одлучи да учествува и во 24-часовниот штрајк кој синдикатот на вработените во јавниот сектор го закажа за 4 февруари.

Синдикатот на морнарите исто така предупреди дека е можна ескалација на нивната мобилизација на денот кога контроверзниот закон ќе биде поднесен во Парламентот.

XS
SM
MD
LG