Достапни линкови

Времени мерки за разрешените директори на Центрите за социјални работи


Управниот суд донесе времена одлука со која ги стави вон сила решенијата за разрешување на 15 директори на Центрите за социјална работа и јавните установи од страна на министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски.

Ова денеска го истакна заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето на пензионерскиот клуб во Волково.

Тој ја повика министерката Ременски да престане со, како што рече, деструктивното однесување, со блокирање на дел од проектите на Министерството и да се зафати со работата за што е именувана, односно за организација на предвремените извбори во април оваа година.

Во решението за времена мерка се забранува на министерот за труд и социјална политика, Ременски, да презема дејствија во врска и по повод донесените решенија за разрешувања на директор и решенијата со кои назначува в.д директори до донесување на правосилна одлука по тужбата.

XS
SM
MD
LG