Достапни линкови

Нетанјаху го обвини Бан Ки Мун за храбрење на тероризмот


Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун дека го „охрабрува тероризмот“, бидејќи во Советот за безбедност тој зборувал за растечката фрустрација на Палестинците поради израелската окупација. Бан Ки Мун остро го критикуваше продолжувањето на населувањето на израелски колонисти на окупираниот Западен брег и побара од Тел Авив да го запре градењето населби на таа територија.

XS
SM
MD
LG