Достапни линкови

logo-print

Фридом хаус: натамошен пад на слободите во Македонија


Во годинашниот извештај на Фридом хаус за состојбата со слободите во светот, објавен денеска, Македонија и натаму е во групата делумно слободни земји. Во извештајот се наведува дека македонската владејачка партија била вмешана во изборна измама и експанзивно прислушување, со што го влошила политичкиот ќор-сокак со опозицијата. На крајот тоа ја натера ЕУ да се вмеша и да договори предвремени избори за годинава, се наведува во извештајот на Фридом хаус во кој Македонија забележа негативен тренд. Политичките слободи се оценети со 4, додека оние граѓанските со тројка.

XS
SM
MD
LG