Достапни линкови

Времето денеска: сончево и потопло


Во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус два, а дневната од седум по одделни котлини до 15 степени во крајните југоисточни делови од земјава. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

XS
SM
MD
LG