Достапни линкови

Израелски министер: ИД се финансира со турски пари


Архивска фотографија: Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

Архивска фотографија: Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

Екстремистите од Исламска држава се финансирани со „турски пари“, изјави денеска во Атина израелскиот министер за одбрана Моше Јалон, јави Танјуг.

„Како што знаете Даеш (ИД) уживаше во турските пари за нафта, многу, многу долг период. Се надевам дека тоа ќе биде завршено“, рече Јалон по средбата со својот грчки колега Панос Каменос.

„Останува на Турција, на турската Влада, на турското раководство, да одлучат дали сакаат да бидат дел од каква било соработка во борбата против тероризмот. Тоа досега не е случај“, рече Јалон, поранешен началник на Генералштабот на израелската војска.

Наводите на израелскиот министер би можеле дополнително да ги загрозат обидите на подобрувањето на односите на двете држави по години оддалеченост.

XS
SM
MD
LG