Достапни линкови

Иранскиот претседател и Папата Франциск си разменија подароци


Иранскиот претседател Хасан Рохани и папата Франциск денеска разменија подароци за време на приватна средба во Ватикан. Рохани му подарил на папата персиски килим во црвени тонови, рачно изработен во светиот град Ком. Папата Франциск, пак, му подарил на Рохани медал на кој е претставен Свети Мартин од Тур како ја дели својата наметка со човек на кого му е ладно. Папата изјави дека гестот претставува знак на братството. Рохани е на четиридневната посета на Италија и Франција, што е прва државна посета на еден ирански претседател на Европа во речиси две децении. Претходно денеска Рохани на бизнис лидерите во Рим им рекол дека „Иран е најбезбедната и најстабилната земја во целиот регион“. Рохани е во потрага по странски инвестиции по укинувањето на меѓународните санкции. По Рим, иранскиот претседател ќе отпатува во Париз, на разговори со францускиот претседател Франсоа Оланд.

XS
SM
MD
LG