Достапни линкови

logo-print

Галијани и Лотито фатени во „офсајд“


Илустрација.

Илустрација.

Обвинителството во Неапол покрена истрага против 64 лица, односно повеќе од 30 клубови од Серија А и Серија Б поради затајување данок. Меѓу осомничените е и потпретседателот на Милан Адријано Галијани. Со акцијата, која има оперативно име „офсајд“, се опфатени и првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, поранешниот претседател на Јувентус Жан-Клод Блан, контроверзниот претседател на Палермо Маурицио Ѕампарини, како и неколкумина поранешни истакнати фудбалери. Меѓу нив се Ернан Креспо, Адријан Муту, Диего Милито, Езекиел Лавеци, Марек Јанкуловски, Антонио Ночерино, Чиро Имобиле, Кристијано Молинаро и други.

XS
SM
MD
LG