Достапни линкови

Села тврди дека се води хајка против него


Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села.

Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села.

Градоначалникот на општина Струга Зијадин Села денеска на прес-конференција посочи дека кривичните пријави што против него и негови соработници беа поднесени од СВР Охрид за злоупотреба на службена положба се хајка против него. Струшкиот градоначалник обвини дека, како што рече, во институциите на правдата се инсталирани луѓе, кои го штитат криминалот. Тој истакна и дека често добива закани по живот за него и за секретарот на општината, но оти за тоа, според Села, институциите не реагирале.

Села и тројца други во неделата добија кривични пријави од СВР Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

XS
SM
MD
LG