Достапни линкови

Протест на фоторепортерите во Белград


Стотина фоторепортери денеска протестираа во Белград против измените на законот за авторски права, кои велат дека ќе ја остават нивната работа незаштитена. Познатиот српски фотограф Драгољуб Замуровиќ во знак на протест уништи копии од своите дела. Предложените измени од владејачката Српска напредна партија ја дефинираат фотографската работа како „рутински механички чин“ и затоа не треба да биде опфатен со авторски права. Фоторепортерите се жалат дека тие веќе трпат загуби зашто весниците и интернет порталите ја користат нивната работа без да платат и оти предложените измени само „ќе ја легализираат кражбата“. Дел од критичарите велат дека ова е уште еден удар врз медиумските слободи.

XS
SM
MD
LG