Достапни линкови

ДС: Советот на јавни обвинители врши притисок врз СЈО


Демократскиот сојуз (ДС) денешната расправа во Советот на јавни обвинители за работата на специјалниот јавен обвинител ја оценува како груб притисок и обид за блокада на работата на Специјалното јавно обвинителство и повикува на воздржаност од сите партии. Според ДС, разрешување на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева со измислени и фабрикувани наоди е невозможна работа, бидејќи таа има мандат утврден со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

XS
SM
MD
LG