Достапни линкови

СДСМ до Хан: Нема квалитетни избори без еднакви можности


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Опозицискиот СДСМ реагира дека на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан мора да му е јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас на изборите.

„Вистината за Македонија докажа како ВМРО-ДПМЕ и Груевски организираат избори: со криминал и корупција, преку притисоци, закани, фантомски гласачи, фалсификувани лични карти“, стои во реакцијата на СДСМ во која се наведува дека е неопходно прочистување на избирачкиот список и медиумска реформа.

СДСМ наведува дека без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес.

Хан претходно, во интервју за софиски Капитал, рече дека е одлучувачко изборите да се одржат на фер, транспарентен и демократски начин.

„ Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес“, рече Хан.

XS
SM
MD
LG