Достапни линкови

Побаран камп за околу 400 илјади мигранти во Грција


Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон поставил прашање за создавање на камп за 300-400 илјади мигранти во Грција, изјави денеска вториот грчки министер за миграциска политика Јоанис Музалас. Според него, прашањето било поставено вчера на средбата на министрите за внатрешни работи на ЕУ, што се одржа во Амстердам.

„Шенгенскиот договор е во опасност на европско ниво. Европа е во страв“, истакна Музалас, додавајќи дека ситуацијата во Грција во однос на бегалската криза е сериозна.

Грчкиот министер нагласи дека центрите за регистрација и идентификација на мигранти ќе бидат готови кон крајот на месецов, а на почетокот од март веќе ќе почнат да функционираат.

Германија, Австрија и Шведска се заканија со исклучување на Грција од Шенген зоната доколку не ги преземе неопходните мерки за ограничување на бегалскиот прилив.

XS
SM
MD
LG